Македонската кошаркарска федерација го отпушти селекторот Александар Џикиќ на повеќе од месец дена од почеток на Евробаскетот кој ќе се одржи во четири земји.
Во краткото објаснување за одлуката на МКФ стои дека селекторот е отпуштен поради недоверба во органите на федерацијата и нарушената соработка.
Овие случувања се малку посакувани за македонската кошаркарска селекција која целосно треба вниманието да го насочи кон подготовките за ЕП.
Џикиќ селекторската палка ја презеде минатата година и со видно подмладен тим успеа да ја однесе Македонија на Европското првенство.
Итниот комитет на МКФ треба брзо да реагира и да назначи селектор кој ќе ја предвои Македонија на континенталниот собир.
„Црвено жолтите“ во групата се наоѓаат со домаќинот Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија.
Ohridnews