Лондонскиот театар „Вест Енд“ распишал аудиција за улогата на пејачот Роби Вилијамс. Пејачот допуштил неговите песни да се користат во најновиот мјузикл кој ќе се занимава со приказната за неговиот живот.
Горд бил што токму неговата животна приказна ќе биде опеана. Мјузиклот ќе го опфаќа периодот од неговиот живот од кога имал 16 години па се до моментот кога станал успешен соло пејач. Прикзаната сигурно ќе биде многу драматична и во неа ќе има љубов, кавги, музика, алкохол и дроги.