МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид воведува електорнска достава на фактурите за правни лица. Од претпријатието информираат дека доставата, првенствено, ќе се врши на службените е-маил адреси преземени од Централен регистер на Македонија.

Корисниците на услугите, должни се да дадат изјава за согласност за електронска достава на фактурите, која ќе биде доставена заедно со фактурата за месец март 2015 и фактурите за месеците што следат. Истата може да се пополни во дирекцијата на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид како и во наплатните центри „ Трудбеник” и „ Корзо”.

OhridNews