Недостатокот на квалификуван кадар, зголемени оперативни трошоци за работа, бирократијата и непостапување или долгорочното чекање на некои административни постапки од страна на институциите, правната несигурност и релативната честа промена на законите, се посочени како најголеми проблеми од страна на компаниите на Годишната анкета на странските инвеститори за 2024 година спроведена од страна на  Советот на странски инвеститори. На исто ниво се корупцијата и проблемот со правосудството од една страна и недостатокот на работна сила, од друга страна. Ова го потенцираше претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“.

Позитивен тренд бележиме според податоците од анкетата во поглед на задоволството од постоечката патна инфраструктура и на локациите каде работат компаниите, индустриските зони, технолошко-индустриските зони. Инфраструктурата кај нас долги години е рак рана, споредено со очекувањата на компаниите. Кога збориме за недостаток на работна сила, едно е недостаток, а друго е квалификувана работна сила. Беше потенцирано и тоа дека не само што нема работна сила туку и колку од таа расположлива сила сака да работи во индустријата, знаењето и практичната настава за студентите. Во Охрид ние нудиме десет неделна летна пракса, со платено сместување и плата за нивната десетнеделна работа, работат на соодветен проект кој е апликативен за нивното образование и им нудиме стипендија за трета или четврта година и бараме по завршување на студиите да дојдат да работат кај нас, вели Мизо.

Најголемите причини за недостаток на работна сила, посочува, е неконзистентноста и брзото напуштање на работното место по добивање на истото во овие компании.

Можеби начинот на работа и очекувањата од вработените е различно од мултинационални глобални компанији, каде што навистина се очекува ако имате седум и пол часа ефективна работа, без разлика дали работите во производство или во администрација, тоа значи дека тие седум и пол часа навистина треба да работите. Што, да не коментираме, но сигурно во јавната администрација тоа најчесто не е случајот. Дополнително, недостаток на интерес за работа во индустрија, потоа недоволно практично знаење и искуство. И тоа недоволно практично знаење и искуство креира на некаков начин не заинтересираност да се работи во вакви струки.  Потоа несодветна едукација. Едно е практичниот дел, друго е теоретскиот дел и на крај имаме нешто што е случај во Македонија, а тоа е дека луѓето ја напуштаат државата, посочува Мизо.

Во поглед на тоа дали има подобрување на бизнис климата вели има мало подобрување, но тоа треба да е врз основа на некој подолгорочен процес.

Ние како компании лобариме за некои адаптации на регулативите, кои ќе значат подобрување на сите компании, не само за нас, и тоа ќе придонесе кон подобрување на бизис климата во државата. Намалување на сите оние непотребни административни процедури, и тоа не мора да значи само за подобрување на бизнис климата, туку и олеснување на процесот на добивање на работни дозволи за странци. Во моментов се работи во оваа насока и ние ќе ги дадеме нашите забелешки. Во нашиот случај најголем број од барањата се однесуваат на менаџерски кадар, на технички специфичен кадар кој доаѓа и работи првите неколку години на почеток на инвестиции, но истовремено имаме голем број надворешни компании кои вршат дејност и работа. Како сите тие луѓе кои доаѓаат тука да работат? Влезот и претстојот да биде регулиран. Тоа сакаме да се поедностави. Овој проблем го презентиравме пред Владата и во март треба да имаме нов состанок.

Од гледна точка на обртот еднаков е бројот на компаниите кои кажале дека ќе имаат зголемување или намалување на нивните активности.

Во поглед на број на вработени 45% од компаниите кажале дека ќе има намалување на бројот на вработени оваа година, 36% зголемување. Се очекува да се зголеми ефикасноста и продуктивноста. Да останеме на релативно исто ново, но со релативно гледано помал број на вработени. Оваа година 48% од компаниите одговориле позитивно во поглед на инвестирање за првпат, а минатата година кога ја правевеме анкетата таа бројка беше 40%. Сепак 30% рекле дека незнаат, а 22% одговориле негативно.

Во поглед на тоа кои се главните фактори поради кои се инвестира за првпат во државава, наведени се ниските производствени трошоци, пристапот до квалификуван кадар, позитивната бизнис клима, ниски даноци и државна помош.

Половина од компаниите добиваат државна помош или се во процес на аплицирање. Компаниите бараат унифициран пристап за добивање на државна помош. Проблеми кои се наведуваат се пробивање на рокот на исплаќање на државната помош, поради бирократија, буџетот и недоволно обучен административен капацитет на институциите поврзани со државна помош.

Мизо посочува и дека во 2024 година 93% од компаниите се изјасниле дека ги зголемиле платите во просек за 11%.

Важно е храмонизрање на царинските трошоци, што ќе значи дополнително зголемување на нашата конкуренстност. Процесот трае долго но стигнавме до некаде и се надеваме дека ќе има напредок, додава Мизо.

Целото интервју со претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо во продолжение.

Н.С.Ј.