И покрај предизвиците со кои се соочуваме како компанија и како индустрија, Костал ја започнува третата инвестициска фаза во постоечката фабрика во Охрид со дополнителна инвестиција од над 50 милини евра во следните 3 години и над 400 нови вработувања. Вложувањето е во најновата технологија наменета за plug-in хибридни возила на групацијата на VW (Porsche, Volkswagen, Skoda, Seat) кои ќе се произвeдуваат во периодот 2024 – 2030 година. Ова во интервју за порталот Извоз, го изјави генералниот директор на Костал Македонија Виктор Мизо. Тој истакна оти Костал очекува раст од 40% на приходите за следната година, со план тие да достигнат 140 милиони евра.
Во интервјуто Мизо се осврнува на идните планови на Костал Македонија, инвестициите, нови вработувања, едукација на работната сила, како и на актуелната енергетска и економска криза во Европа и бизнис амбиентот во земјава.
Влезот и растот на автомобилската индустија во земјата го означува еден од најголемите структурни пресврти во националната индустрија и економија, што е потенцирано во повеќе меѓународни студии. За поголеми достигнувања во оваа и во други индустрии, мора да имаме национална стратегија и на сите да ни стане јасно дека во процесот на привлекувањето на сериозни брендови нема простор за политиканство или популистички пристапи, туку висок професионализам, посветеност и исполнување на договореното. – вели Мизо.
Целосното интервју на Виктор Мизо за порталот „Извоз“, може да го прочитате на следниот линк.
OhridNews