Директорот на Костал Македонија и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство во рамки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, уште еднаш го реафирмира ставот за потребата од намалување на одредени царинските давачки за овие компании.

Намалувањето на високите царински давички за одрдени материјали станува императив. Тоа е старо прашање на кое подолг период се очекува системски одговор од државата. – го пренесува ставот на Мизо економскиот магазин „Извоз.мк“.

Претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство повторно предупредува на последиците предизвикани од здравствената криза, која преминува во се поголема економска криза. Загубите во автомобилската индустрија се огромни, за што сведочи податокот за извозот од компаниите во зоните кој во јануари бил помал за 21 процент, во февруари за 3,1, а во март за 16,8 %. Во првите пет месеци од година извозот од фабриките од зоните е помал за 38,9% во однос на истиот период лани, посочува Мизо.

Во тој контекст првиот човек на Костал Македонија ја истакнува потребата од добро осмислени мерки за поддршка на големите и извозно ориентирани компании, додавајќи дека не може да се применуваат исти аршини за странските извозни компании со напредна технологија и малите бизниси.

Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

OhridNews