Министерството за внатрешни работи-МВР, поднесе кривична пријава против Лазар  Митровски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ. МВР се сомнева дека Митровски во 2003г. на функцијата дошол со фалсификувана диплома од сараевскиот универзитет.


Лазар Митровски

Во септември минатата година, според МВР, Митровски ја повлекол дипломата од неговото досие, а вметнал две потврди за вишо образование од ЕТФ-Скопје. Тој се товари дека направил и други измени во неговото досие.

За двете дела кривичниот законик предвидува парична, но и максимална затворска казна до три години. Митровски заедно со претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи Ристески и потпретседателот Беџети отпатува во Дизелдорф каде во петок ќе биде одржан изборот за претседател на УЕФА.