Се додека пресовите на СДСМ се однесуваат на активностите и заложбите на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, се дотогаш нам и на граѓаните ќе ни биде сосема јасно кој работи, а кој само бесцелно ја заморува јавноста, рече на денешната прес конференција портпаролот на прес центарот на општинската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

Митровиќ потенцира дека ако СДСМ сака реално да разговара во интерес на граѓаните , треба да се изјасни за економските потези на Владата на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои: дали зголемувањето на  платите на вработените е добар економски потег и во интерес на сите граѓани, дали зголемувањето на пензиите според нив е добар или лош економски потег на Владата, дали проектот за вработување на социјално ранливи категории на граѓани е добар потег, дали инвестициите во образованието и изградбата на училишни спортски сали е во интерес на граѓаните, дали овие економски политики на Владата не преставуваат симбол на посветеност на Владата и покрај периодот на тешки економски светски кризи.

–    ВМРО ДПМНЕ сака да разговара за политики во интерес на напредок од секој аспект, а не да се занимава со бесцелни критики и манупулации. Сака да разговара за конкретни проекти и има своја програма која ја следи.Јасно е дека се она што го имаме предвидено како активност во Охрид е многу тешко брзо да се  спроведе заради наследениот хаос оставен од СДСМ. И токму заради тоа СДСМ нема политичко лице неосновано да обвинува, туку треба да им се извине на граѓаните на Охрид за се она што не го сработија во нивен интерес, рече Митровиќ.

OhridNews