Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошник, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква на денешната вонредна седница.

Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ.

На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид, посочуваат.

Митрополитот Тимотеј почина вчера, 25 ноември, по кусо боледување. Денес верниците се простуваат од упокоениот Владика чии посмртните останки се изложени за проштално збогум во храмот Свети Климент Охридски на Плаошник.

Н.С.Ј.