Амбициозниот ракометен клуб Еурофарм Пелистер ќе има нов лидер во екипата откако првата виолина од оваа сезона, Никола Митревски најави заминување од Битола.

Не останувам во Битола, дефинитивно. Имам неколку опции, ќе видиме, наскоро ќе објавам и каде ќе продолжам. – изјави за „G-sport“, Митревски.

Репрезентативниот чувар на мрежата има две опции за продолжување на кариерата. Првата го носи во Скопје на голот од Вардар додека втората го сели надвор од Македонија односно во тимот на Порто.

OhridNews