На иницијатива на 11 од вкупно 17 гранкови синдикати, што се дел од Советот на Сојузот на Синдикати на Македонија,вчера беше одржана вонредна седница, на која беше донесена одлука за отповикување на претседателот на ССМ Ванчо Муратовски. На негово место, односно в.д. перетседател, едногласно беше избран Живко Митревски.

За Муратовски, вчерашната вонредна седница е надвор од статутот на синдикатот.

“Тоа е неформална група и за ова ќе има кривична пријава.  Какво решение и да донесат тоа нема да има никаква правна последица, вели Ванчо Муратовски од ССМ.

OhridNews
извор:„Макфакс„