Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и соиграчите во Порто изгубија голем другар и маестрален човек, а ракометот изгуби брилијантен голман, откако денеска, како последица од срцевиот удар почина чуварот на мрежата Алфреди Кинтана. Колумбиецот со португалски пасош четири дена заедно со докторите водеше жестотка битка, која на крајот заврши со пораз односно губење на млад живот. Емотивно од својот колега се збогуваше Никола Митревски, кој сигурно, до крајот на животот ќе го памети харизматичниот голман.
Почивај во мир! Ти благодарам за се. Засекогаш Кинтана, – напиша Митревски на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Клубот го повлече дресот со бројот 1 од употреба, а Порто се откажа од понатамошните мечеви од групната фаза во Лигата на Шампиони.
OhridNews