Две од два за македонската фудбалска репрезентација на турнејата во Австрија. Победите над Азербејџан и Романија ги враќаат насмевките на македонските фудбалери. По турбулентната сезона Игор Митрески повторно стандарден и солиден во дефанзивните задачи.
– Задоволни сме од двете игри. Контролите поминаа одлично. Најважно е што се вративме со две победи и што покажавме различни карактери со противници со различен квалитет и сите заедно да сфатиме дека се потребни резултати. За првпат против Романија одигравме еден извонредно тактички натпревар со стриктно спроведување на задачите на селекторот и тоа ни ја донесе првата историска победа против фаворизираната Романија од која досега имавме четири порази.
Митрески ја пренесе позитивната атмосфера во националниот состав потенцирајчи дкеа имаме добра генерација и дека со Пандев и Илчо Наумовски ќе бидеме способни конечно да освоиме едно од првите две места во следните квалификации.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com