Голем оптимизам и единство владее во македонската фудбалска репрезентација пред последните два меча во квалификациите за СП 2010, со Шкотска и Норвешка.

Атмосферата во националниот состав е на високо ниво, сите се свесни за важноста на мечевите тврди бранителот Игор Митрески.

Играме против две селекции кои играат одлично на домашен терен. Сепак ние прво прво ќе се спремиме за мечот со Шкотска која не е селекција од која треба да се плашиме. Фудбалерите треба да сватат дека мора да го даваат максимумот во националниот состав –  вели Митрески.

фото : Емилио

М.П.