Македонскиот бранител и заменик капитен Игор Митрески е на пат за Софија на преговори со раководството на ЦСКА. Според бугарските медиуми, нашиот репрезентативец има големи шанси во јануарскиот преоден рок да стане нов член на ЦСКА Софија.

–  За неколку дена треба да дојдам во Софија, за да ги завршиме преговорите со раководството на клубот и да ги минам лекарските прегледи – им изјавил Митрески на бугарските новинари.

Нашиот дефанзивец сака што побргу да го напушти германскиот второлигаш Енерги Котбус. Покрај ЦСКА за Митрески заинтересиран е и грчкиот Ксанти.

Ohridnews