Вицекапитенот на македонската фудбалска репрезентација Игор Митревски премина во тимот на ЦСКА Софија.

Дојдов во тим кој секогаш сака да биде шампион на Бугарија и секоја сезона си поставува високи цели. Јас ќе го дадам својот максимум како и секогаш–  изјави Митрески.


Армискиот тим од Софија по првиот дел од шампионатот е на второто место со 4 бодови помалку од Литекс.

Игор Митрески кој има 60 настпаи за македонската репрезентација во својата фудбалска кариерта ја започна во струшки Караорман,а  ја градеше во Силекс, Спартак Москва, Енерџи Котбус.  Митрески е меѓу неколкумината македонци што играле во лигата на шампиони. Тој со Спартак Москва одигра шест натпревари во групната фаза.

М.П.