Избраниците на селекторот Јонуз со темпо на два тренинга ја темпираат формата на крајбрежјето на Охридско Езеро, а вториот од трите бундеслигаши во македонската селекција, Игор Митрески, вели дека езерото им дава дополнителна сила на фудбалерите.

Охрид е одлично место за подготовки и по секое доаѓање овде како со гума се брише минатото. Погледот кон езерото нé релаксира и ни дава дополнителна енергија. Токму таа релаксација овие неколку дена е добра подготовка, заедно со тренинзите, за тоа што нé очекува и во Глазгов и во Осло – вели Митрески.

Атмосферата во националниот состав е на високо ниво, сите се свесни за важноста на мечевите тврди бранителот Игор Митрески.

Сите сме сплотени како еден, мора да одиграме концентрирано и да го завршиме овој циклус со минимум 4 бода, по што би можеле да влеземе во калкулации за второто место кое можеби ќе не’ води во баражот – смета Митрески.

фото:Емилио

М.П.