Ногачески пред јавноста должи одговори на нашите прашања кој ги поставувавме во првата недела од изборната кампања.
И како што очекувавме од Ногачески никаква трага ни глас во однос на  поставените прашања, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ за Дебрца, Јованчо Митрески.

– Ние ги знаеме одговорите и како што ветивме ќе ги обелодениме сите до еден, ден по ден. Бидејќи јавноста треба да знае за каков човек станува збор. На нашите прашања дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од зградата во училиштето во с.Мешеишта?
Дали истата просторија е во целост узурпурана?
Дали во тие простории кои се општински Ногачески држи партиски состаноци?
Дали има партиски обележја во истата?
Одговорите се јасни и недвосмислени, Ногачески нема никаква дозвола за користење на самата општинска просторија во која се држат партиски состаноци кои можат да се согледаат и преку фотодокументација на која има партиски обележја, рече Митрески.


Тој праша дали ова не го прави Ногачески узурпатор на земјиште и што би правел од позиција на градоначалник?

OhridNews