Главните функции на појасот за невиност биле зачувување на невиноста, заштита од силување, како и спречување на жените да се впуштат во љубовни авантури и неверства. Со појасот потполно се затвора интимниот дел, а се остава мал дел за вршење нужда.


Појасот се заклучувал, а клучот го чувал сопругот. Постојат и приказни за досетливи жени кои направиле резервни клучеви за кои мажите не знаеле. Денес овие појаси можат да се сретнат само во музеите и во продавниците за секси играчки.