Охридскиот боксерски клуб остана без тренер и претседател откако досегашниот Митко Нестороски поднесе оставка од сите функции.

Тој своето заминување го најави уште минатата година, но остана со надеж за подобри времиња во еден од најплодните спортови во Охрид.

Нестороски од клубот кој потекнаа македонски репрезентативци заминува прво од финансиски, а и од организациски причини.

– Финансиите не ни беа проблем туку најголем противник. И со тоа се справуваме на разно разни начини како и со сите други проблеми, но преку организациските пропусти неможам никако да поминам. Во клубот се загуби кодексот на однесување и дисциплината, што беше показател за мојата единствена одлука, да заминам. – рече Нестороски за Ohrid News.

Нестороски најави формирање на нов боксерски клуб кој би почнал со работа со дечиња од најмала возраст дозволена за натпреварување.

OhridNews