Во Мешеишта, вчеравечер, се одржа централен митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Дебрца, на кој присуствуваа голем број членови и симпатизери.

Пред присутните, меѓу кои беше и пратеникот Антонио Милошоски, се обрати кандидатот за градоначалник Игор Трајкоски кој истакна дека по изминати четири години пред жителите стои со чиста совест поради оправданата доверба.

– Ние знаеме како треба да се однесуваме кон Дебрца бидејќи самата општина по себе е специфична и бара соодветни проекти кои секогаш гледавме да ги реализираме по примарност. Ние знаеме како да ги спроведеме потребните проекти во наредните четири години бидејќи сме веќе многу чекори пред нашите опоненти и сигурни сме дека таа предност секогаш ќе ја имаме.
Тимот на советници и јас како кандидат за градоначалник ја бараме уште еднаш вашата доверба, ја бараме за доброто на Општина Дебрца, за доброто на сите жители на општината, рече Трајкоски.


Кандидатот за советник и носител на кандидатската листа, Моника Мацеска, рече дека е голема чест, но и голема одговорност да се предводи листата на најголемата и најмоќната македонска политичка партија.


– Слободно и гордо истакнувам дека советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ преставува спој од младост, искуство, ентузијазам и патриотизам. Одговорни и посветени личности, со високи морални квалитети кои имаат јасна визија за иднината на Дебрца. Токму оваа комбинација гарантира резултат и успех, гарантира одржување на дадениот збор, гарантира реализација на проекти. Во името на сите кандидати за советници од ВМРО – ДПМНЕ пред Вас се обврзуваме дека отчетноста, транспарентноста, но и одлуките кои ќе ги носиме, секогаш ќе бидат во интерес на жителите на Општина Дебрца. Тоа е наш долг инаша обврска кон Вас. Тоа е нашата вистинска цел кон која се стремиме и никогаш нема да отстапиме, рече Мацеска.

Пред присутните се обрати и пратеникот Милошоски.

OhridNews