Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува. Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.
Јас верувам дека во Европска Македонија животниот стандард ќе биде многу подобар, и дека во Европска Македонија ќе успееме да изградиме систем на владеење на правото и ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Се согласувам дека тој пат не е лесен. СДСМ покажа дека има храброст да носи тешки, но важни и неопходни одлуки. Има ли подобар доказ од тоа дека Македонија стана рамноправна членка на НАТО? Има ли подобар доказ за тоа од фактот дека Македонија ги започна преговорите со ЕУ?, рече Ковачевски
Посочи дека се подготвени да работат ден и ноќ за да го реализираат тоа што стои во нивната програма.
Гарантираме 20.000 денари минимална и 30.000 денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на нашите пензионери. Оваа програма е остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност. Во изминатите седум години направивме многу работи. Имавме подеми и падови, но сепак, во ниту еден момент не се откажавме. Ниту кога беше најтешко, кога земјата се соочи со кпвид пандемијата, и потоа кога се боревме со енергетска и економска криза. Цело време бевме рамо до рамо со граѓаните. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди евра. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок од сметките за струја. Се погриживме нашите пензионери да имаат достоинствени примања и ги зголемивме пензиите за 55%, рече Ковачевски.
Со ВМРО повторно ќе ја пропуштиме нашата шанса, а Мицкоски за тоа ќе ја обвинува ЕУ бидејќи тој не е човек кој презема одговорност за ништо, рече Ковачевски.
Сега повторно слушаме како ВМРО ДПМНЕ сее страв дека со членството во ЕУ ќе сме ја изгубеле државата. Мицкоски и Силјановска ветуваат некакви алтернативни решенија за членство во ЕУ. Но, верувајте почитувани охриѓани, тоа е само продавање магла. Такво нешто не постои нигде освен во нивните глави. ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор. Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ. Спремни се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ. Ние заедно нема да дозволиме да си поигруваат со нашата иднина и иднината на нашите деца, истакна Ковачевски.
Додаде дека СДСМ, Коалицијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски нудат јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода медиуми.
На 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи. Изборот на 8-ми мај е многу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава, меѓу надеж и просперитетна иднина со СДСМ или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО-ДПМНЕ. Вашиот глас има огромна вредност. Затоа убаво размислете кому ќе го дадете на 8-ми мај. Дали ќе изберете надеж и просперитетна иднина со СДСМ или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе поддржите искреност, посветена работа, чесност и одлучност или кукавичлук, манипулации и лажен патриотизам, рече Ковачевски.
На Македонија и е потребна Европската унија за побрзо да ги донесеме европските стандарди дома. За платите и пензиите да растат побрзо, да се развиваме инфраструктурно. Да го унапредиме и развиваме туризмот. За да живееме просечен европски живот, без грижи дали некој ќе може да ги плати сметките, дали ќе обезбеди огрев, лекови или храна, порача носителот на листата во ИЕ 5, Јован Митрески.
Успеавме тројно да ја покачиме минималната плата, да ги дуплираме странските инвестиции, да ги изедначиме домашните и странските комапнии, да ги зголемимем пензиите за над 50%, да ги покажиме платите во сите сектори. Но, тоа не е долволно. Поминавме и поминуваме сериозни економски последици од ковид кризата, но и од војната во Украина. Се покажа дека како мала економија сме ранливи. Затоа потребна ни е ЕУ, за побрзо да ги донесеме европските вредности дома, за платите и пензиите да растат побрзо, за побрзо да се развиваме инфрастуктурно, за да ја прошириме туристичката сезона преку целата година, за да го подобриме езерскиот, но и за го развиваме планинскиот и руралниот туризам, за да живееме просечен европски живот без грижи.
Потсети дека како земја ништо лесно не сме добиле, ништо лесно не поминало, ниедна лесна битка не сме имале во кој и период од минатото да погледнеме. Но, благодарение на храбрите одлуки на СДСМ денеска имаме самостојна и независна држава.
И денес и во минатото имаше самопрогласување на наводни патриоти. Времето потврдило дека вистсински патротизам бил и ќе остане носењето државнички одлуки. Лесно е да се изјаснуваш против договор од Преспа, а потоа да се фалиш дека си гласал Северна Македонија да стане членка на НАТО. Лесно е да повикуваш на бојкот на реферндум, да манипулираш со граѓаните, да глумиш патриот, а со самото гласање Северна Македонија да стане членка на НАТО, точно прецизно и дирекно да го прифатиш референдумското прашање, потенцираше тој.
Нагласи дека е лесно само декларативно да велиш дека си за ЕУ, а да правиш се за да не станеш дел од ЕУ, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ.
Ние имаме одговорност за иднината на татковината и сите нејзини граѓани. Државата мора да оди напред. Младите не може да бидат жртва на политичари без став, без визија. Изборот е или интеграција или изолација. Јас, СДСМ, коалицијата, кандидатите за пратеници се за интеграција. Тоа им го должиме на нашите предци, но и на генерациите што доаѓаат после нас за својата иднина да ја градат во својата татковина, не во странство. Членството во ЕУ значи пристап до фондови за развој, но и значи пристап до пазар од 500 милиони жители за македонските компании, за македонските бизниси, за македонскиот туризам, додаде Митрески.
СДСМ и Коалицијата ги повикаа охриѓани да се обединат и сложно да застанат зад планот за европска Македонија.
Н.С.Ј.
Б.Стојаноски