Пред Собранието на Р. Македонија денеска во 19ч. ќе се одржи голем митинг под мотото “Македонија, Македонски, Македонец. Ништо друго не прифаќаме.“ За граѓаните на Охрид обезбеден е превоз во 15ч. од Автобуска станица.

Меѓу организаторите на митингот се и познатите новинари Миленко Неделковски и Мирка Велиновска и режисерот Борис Дамовски.Тие во очи митингот одржаа прес конференција на која предупредија дека понудениот договор на медијаторот Нимиц за решавање на наметнатиот спор за името од страна на Грција, има скриена агенда.

Политичките партии апелираа за мирно одвивање на митингот кој ќе се одржи на плоштадот „Пела“ во Скопје.

ohridnews