Иако последен на табелата тимот на Гостивар му пружи голем отпор на Вардар во заостанатиот натпревар од 18-та рунда, кој се одигра во Охрид. Гостивар претрпе пораз 2-1, но покажаа добра игра и солидно му се спротиставија на првопласираниот Вардар.

– Претрпевме пораз, но се можеше да биде поинаку ако дел од шансите ги реализиравме. Вардар потполно ме разочара бидејќи јас лично многу повеќе очекував од нив на нашата пресметка во Охрид – рече искусниот стратег на Гостивар, Мите Митев.

По 18-та рунда Гостивар се наоѓа на дното со само две победи и пет нерешени средби и е пред (не)возможна мисија за опстанување во елитата.

Мх.П.