Ракометарите на Охрид и Овче Поле одиграа неизвесен натпревар, во кој ремито беше најреален резултат. Гостите на три секунди од крајот на мечот примија погодок, а пред тоа имаа негатива од два погодоци.
– Ремито на овој натпревар е реално со оглед на тоа како се одвиваше резултатот во текот на целиот натпревар. Нашата цел во Охрид беше да ги освоиме трите бода, но нема да кријам и ќе речам дека сум задоволен од ремито – посочи Иван Митев, тренер на Овче Поле.
Гостинскиот стратег е импресиониран од атмосферата во „Билјанини Извори“ и посетеноста во Охрид на дуелот со неговите избраници во Супер лигата.
– Изненадум сум од посетеноста и атмосферата на мечот. Им посакувам на охриѓани многу среќа во понатамошниот дел од сезоната и да ги остварат сите зацртани цели во неа – заврши Митев.
Мх.П.