Деби со пораз на клупата на МЗТ имаше Бобан Митев кој ќе се обиде во месецот што престои да ги крене “штрковите“ од кризата во која западнаа.

Најголемиот проблем е психологија и тоа ке биде голема бариера на која треба допрва да се работи. Оваа екипа има квалитет и за нешто повеќе. Ни остануваат месец дена работа во кој ќе влеземе растеретено бидејќи не ни е важно на кое место ќе завршиме во суперлигата. Играчите мора да ги променат старите  навики, доколку успееме во тоа  мислам дека имаме квалитет за полуфинале па и финале.

М.П.