МЗТ Скопје со негатива (0-1) се враќа во Скопје по првиот натпревар. Доста забелешки имаше тренерот Митев на своите играчи за тоа како го одиграа последниот период кој го даде победникот на првиот натпревар во серијата.

– Натпреварот го изгубивме поради падот на коцнетрацијата, последните неколку победи им го заматија умот на кошаркарите, кои треба да сфатат дека кошарката се игра по мои правила и по правилата на МЗТ. До сабота имаме време да ги исправиме грешките и да го изедначиме резултатот – истакна Митев тренерот на МЗТ.

М.П.