Со реакција по повод немилиот инцдидент со бојадисување на грчки автобуси во Охрид, се јави и Социјалдемократската унија. Во соопштението се вели:

“Охрид е отворен град, најкосмополитската средина во Република Македонија. Затоа е запрепастувачка, штетна и за секаква осуда” – постапката на сеуште неедифинтикувана група, или поединец, кои на најдрзок начин се поиграле со имотот и достоинството на грчките туристи. Бараме од Полицијата, најитно да го расчисти случајот и да ја информира јавноста” се вели во утринската реакција на Социјалдемократската унија и нивниот носител на советничка листа, потпретседателот на Партијата Веле Митаноски.

Огорченоста е поголема, од фактот што инцидентот е случен токму на денот на помирувањето и проштевањето – Прочка, стои натаму во реаклцијата. Со оглед на фактот што, немилата случка е направена ноќта спроти официјалниот почеток на кампањата од локалните избори, од СДУ не исклучуваат и политички мотиви. “Не сакаме да внесуваме политички мотиви, но во секој случај не исклучуваме можност, преку овој чин да се ловат некакви партиски или лични мотиви, кои, во секој случај се на штета на градот” се вели во реакцијата на потпретседателот на Социјалдемократската унија Веле Митаноски.

Ohridnews