Во декември месец градоначалникот на Охрид Александар Петрески бил под закана од засега непознати лица. Информацијата денеска ја потврди градоначалникот, не откривајќи повеќе детали за каква закана се работи и што точно се случило.
Мистеризна закана кон градоначалникот
– Живееме во едно време невреме кога се случуваат секојдневно несакани работи кои не треба да се случуваат. Секој ден се случувaат разни силувања напади и може секому да се случи се’. Целиот мој мандат и сега не се движам со обезбедување, и немам таква потреба. Но денеска сите сме изложени на опасности, изјави за Ohridnews, Петрески.
Тој рече дека за целата работа е запозната полицијата и дека во интерес на истрагата остава надлежните органи да ја спроведат истрагата. „Полицијата се што треба да знае знае и таа треба да ја извести јавниоста. Јас нема да давам никакви детали во интерес на истрагата. МВР знае и сите информации натаму треба да ги барате од полицијата и судството“, рече Петрески.