Денес, кога целиот свет е оддалечен само еден клик од нас, тешко е воопшто да се замисли како на иста планета постои народ кој живее на идентичен начин на кој живеел и пред 10 илјади години. Танзаниското племе Хаџа живее на брегот на езерот Ејаси и не одгледува храна, не чува стока и гради трајни населби, јавуваат медиумите. Тие се ловци и собирачи, живеат живот со апсолутна слобода која за современиот човек е незамислива. Нема професии, шефови, рокови, општествени или верски структури, закони, даноци, пари… Нема ништо од она со што современиот свет секојдневно се соочува.

Во пештерите околу езерото Ејаси живеат околу 1000 припадници на ова племе. Според сите модерни стандарди не би требало да постојат, но нивниот опстанок е аномалија, племе на кое времето заборавило. Никогаш не биле во некој поголем конфликт, не паметат проблеми за глад или заразни болести. Се хранат со птици, павијани, антилопи и бизони кои самите ги ловат со помош на рачно изработен лак и стрела. Хаџите живеат нешто појужно од местото на кое се пронајдени некои од најстарите докази за постоењето на раните хуманоиди.