Околу 500 птици паднале во местото Поинт Купе, изјавила претставничката за риболов и фауна на Луизијана, и додала дека не се знае причината нивната смрт. Сличен феномен се случил и на новогодишната ноќ во Арканзас. Жителите на едно мало место во таа американска држава, кои уживале во огнометот на новогодишната ноќ, во еден момент се запрепастиле кога од невото започнале да паѓаат илјадници мртви птици.


Мртвите птици паѓале на покривите на куќите, улиците, полињата, врз автомобилите итн. Настанот се случил во Биби, место со 5000 жители, во близина на главниот град Литл Рок.

Се претпоставува дека причина за угинувањето на приците е огномет.