Експлозијата ги вознемири граѓаните на Скопје кои на небото забележале остатоци од направа за која првично се шпекулираше дека можеби е беспилотно летало, што нбеше демантирано од воздухопловните власти.
Од „Макстил“ преку соопштение информираат дека експлозијата се случила во одделот за старо железо при што настрадал работникот Димо Пигуловиќ.
– Тој беше веднаш згрижен и префрлен во болница, каде што му беше укажана потребната лекарска помош. Компанијата АД Макстил за целото време е во постојан контакт со семејството на повредениот работник и со вработените од Градската болница и е подготвена на секаков начин да придонесе за побрзо опоравување и надминување на можните негативни последици од инцидентот, соопшти компанијата.
Од Макстил тврдат дека за време на настанувањето на несреќата почитувани се сите процедури од Законот за заштита при работа, работникот ја имал соодветната заштитна опрема и постапувал според процедурата за работа.
– Од досега утврдената состојба со жалење констатираме дека АД Макстил и уште еднаш ги чуствува последиците на несоодветното работење на дел од добавувачите на старо железо, стои во официјалното соопштение на компанијата по повод денешниот инцидент.
Истрагата која е во тек треба да ги утврди причините за мистериозната експлозија што внесе немир меѓу ѓжителите на Скопје.
фото: „Макфакс“