Ветено – сторено, ја разоткривме мистеријата за која шушкаше охридската чаршија изминатите денови. „Мистериозниот“ угостителски објект кој дискретно се подготвуваше подолг период покрај градскиот кеј во комплексот на хотелот „Royal View“, кој денеска официјално започна со работа, е „Steve’s coffee house“. Всушност тоа е првиот угостителски објект кој ќе функционира по светски познатиот концепт на самопослужување, со производи и услуга со врвен квалитет, по исклучителни цени.

Модерно уреден и во трендовски стил, „Steve’s coffee house“ има уникатна понуда, сосема поинаква од таа на која сме навикнале кај нас. Купувањето на омиленото кафе со исклучителен квалитет, вистинско топло чоколадо направено со надалеку познатото по квалитет белгиско чоколадо, омилениот стопроценти природен сок, или друг напиток, во „Steve’s coffee house“ е централизирано, а ќе ве услужи професионално обучен персонал.

Готвачите во „Steve’s coffee house“, кои исто така минаа неколкумесечна обука во странство, секојдневно ќе подготвуваат свежи салати со сезонски производи од поднебјето, вкусни сендвичи, пити и слатки според највкусните рецепти со високо квалитетно какао. Менијата ќе бидат разновидни и ќе се менуваат од сезона до сезона, а услугата стандардизирана.

„Steve’s coffee house“ е место за релаксација и социјализација. Тука во мирна и опуштена атмосфера ќе може да завршите некоја работна обврска на вашиот лаптоп додека пиете пијалок или јадете некој вкусен специјалитет, да ѕирнете нешто во телефонот, или едноставно да го наполните на кое било место во објектот во секое време.

Новиот специјализиран угостителски објект „Steve’s coffee house“ е дел од понудата на хотелот „Royal View“.

OhridNews