Научници го истражуваат потеклото на бактерии пронајдени на Меѓународната вселенска станица, за кои постои можност да не потекнуваат од Земјата. Ова тврдење го изнесе астронаутот Антон Шаплеров, пренесува „RT“. Тој истакнал дека на површината на Меѓународната станица пронајдени се бактерии чие потекло е непознато. Овие бактерии не биле на станицата при нејзиното лансирање.
-Тоа значи дека од некаде долетале. – изјавил рускиот астронаут, кој се подготвува за трета мисија на Меѓународната вселенска станица која орбитрира околу Земјата.
Меѓународната вселенска станица
Шаплеров дoдал дека при експериментите „Тест“ и „Биориск“, на вселенската станица случајно биле донесени и микроорганизми од Земјата кои преживеале во услови на вакум на температура од -150 до +150 степени Целзиусови. Траги од бактерии на вселенската станица со потекло од Мадагаскар и Баренцовото Море исто така биле пронајдени при експериментот „Тест“ што се објаснува со феноменот „јоносферски лифт“ при што супстанци од површината на Земјата се качуваат во горните слоеви на атмосферата. Поради тоа научниците предлагаат горната граница на биосферата од сегашните 20 километри да се помести на 400 километри.
OhridNews