Екипата на Мистер И составена од поранешни фудбалери на Охрид го освои второто место на турнирот во Ресен, кој се одржува по 17-ти пат.
Во големото финале „црните“ претрпеа пораз (1-0) од кумановската екипа Андринико за која играат македонските футсал репрезентативци.
За освоеното второ место фудбалерите на Мистер И заработија 40 000 денари додека наградата за првопласираната екипа изнесуваше 80 000 денари.
Чуварот на мрежата на Мистер И, Раиф Мисерлоски ја доби наградата за најдобар голман, а за најдобар играч на турнирот беше прогласен Мартин Тодороски од победничката екипа.
Ohridnews