Екипата на Мистер И триумфираше на седмиот по ред меморијален турнир „Лескоец 2017“. Во финалето Мистер И со 3-1 го совлада тимот на Жито Леб и стигна до златото.
Мистер И првиот дел го доби минимално со 1-0. На стартот од второто полувреме Жито Леб изедначи 1-1. Во продолжението од мечот Мистер и постигна два погодоци на кои Жито Леб немаше одговор.
Во малото финале кое беше вовед во големото финале славеше Ајдиноски Инженеринг со 3-2 против Др. Баткоски.
Наградата за најдобар играч на турнирот му припадна на Љупчо Далчев (Мистер И), најдобар голман замина во рацете од Никола Чипаноски (Мистер И), а најдобар стрелец беше Даниел Шекуткоски (Др. Баткоски).
Вкупниот награден фонд на годинешниот турнир изнесуваше 110 000 денари, а Мистер И доби 60 000 денари за победата.
OhridNews