Екипата на Мистер И триумфираше на четвртиот меморијален турнир во мал фудбал на вештачка трева „Климент Колески 2018“, откако во финалето го совлада тимот на АСП Пак со 3-2 (1-2).

До вториот трофеј на меморијалниот турнир Мистер И стигна со пресврт. После 25 минути игра АСП Пак имаш водство 2-1, а после 50 минути игра на семафорот стоеше 3-2 во корист на Мистер И.

Во малото финале екипата на Доктор Баткоски го совлада тимот на Александар Лачоски-Фудбал со 2-1 и се закити со бронзениот медал.

Наградата за најдобар играч ја освои Љубен Далчев (Мистер И), Оливер Митрески (Мистер И) се закити со признанието за најдобар голман, а најдобар стрелец беше Мишо Ѓорѓиоски од АСП Пак.

Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 300 000 денари.

Фото галерија:

OhridNews