Екипата на Мистер И е првиот патник во финалето откако во полуфиналниот двобој со 3-0 го совлада АСП Пак.

Два од трите погодоци „црните“ постигнаа во првиот дел, а визата во финалето ја заверија со погодок во вториот дел.

Љупчо Далчев беше двоен стрелец додека еднаш мрежата на „црвените“ ја затресе Љупчо Митрески.

Во финалето Мистер И ќе се сретне со победникот од вториот полуфинален натпревар меѓу Бел Мерцедес и Жито Леб.

Мх.П.