Екипите на Мистер И и Жито Леб в среда во големото финале ќе ги одмерат силите на седмиот по ред турнир во мал фудбал со меморијален карактер „Лескоец 2017“.
Во полуфиналните пресметки Мистер И го совлада Ајдиноски Инженеринг со 5-0, додека Жито Леб по изведувањето на пеналите го елиминишра Др. Баткоски (5-4), откако регуларниот дел заврши 1-1.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 108 000 денари. Победникот ќе освои 60 000 денари, второпласираниот 30 000 денари, третопласираниот 15 000 и четвртопласираниот 3 000 денари.
Покрај паричните награди, признанија има за најдобар играл, стрелец и голман на турнирот.
Финалните натпревари се играат в среда со почеток во 20 и 30 часот.
OhridNews