Екипите на Мистер И и Шила се првите учесници во полуфиналето на јубилејнито 15-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2018“.

Мистер И во четвртфиналниот дуел ја совлада екипата на Златни Зраци со 4-2, а тимот на Шила подобар беше од Александар Лачоски Фудбал со 2-0.

Токму, двете екипи кои поминаа ја сочинуваат првата полуфинална двојка на турнирот. Четвртфиналните пресметки продолжуваат во петок, а денеска е слободен ден.

Двојки:

21:00ч Замок Александар – Сатеска Волино

22:00ч Асп Пак – Јуниор

OhridNews