Британскиот комичар Роан Аткинсон смета дека е премногу стар за и понатаму да го толкува ликот на популарниот Мистер Бин, со кој се прославил насекаде низ светот. Изјавил дека има впечаток како повеќе никогаш нема да ја игра таа улога. Додал дека никогаш не треба да се каже никогаш, но се чувствувал премногу стар за таа улога. Отсекогаш го сакал Мистер Бин како лик од стриповите, лик кој никогаш не старее и како вечно момче во телото на возрасен човек.


Актерот моментално се наоѓа на промотивна турнеја во Австралија. За прв пат во улогата на Мистер Бин се појавил во 1990 година. Иако можеби засекогаш се простил од оваа улога, Аткинсон продолжува да ја гради кариерата играјќи во филмовите со авантурите на Џони Инглиш, пародии на филмовите за тајниот агент Џемс Бонд.