Рован Еткинсон од денес е и официјално слободен човек, откако судот во забрзана постапка и официјално стави крај на неговиот брак со сопругата Сунетра после 24 години, пишуваат британските медиуми. Разводот е одобрен врз основ на „неразумно однесување“, а рочиштето траело помалку од една минута. Ниту еден од сопружниите не бил присутен во судницата.
Познатиот актер и комичар кој има 60 години, минатата година ја остави сопругата со која има две возрасни деца, и тоа поради 32-годишната комичарка Луиз Форд, со која сега е во врска. Извор близок до актерот вели дека Сунетра била многу вознемирена што ја замени со толку млада жена. Рован и Сунетра се запознае во осумдесеттите години, а се венчаа во 1990 година. Во моментот на разводот, парот градел куќа во Оксфордшир вредна 11 милиони фунти, и сеуште не е познато кому истата ќе му припадне.