Актерот Роуан Еткинсон, веќе децении најпознат како Мистер Бин, го продаде својот спортски автомобил Мекларен Ф1 за импозантни осум милиони фунти, односно нешто помалку од 11 милиони евра. Ова се смета за една од најголемите трансакции на пазарот за автомобили во Велика Британија, поготово ако се земе во предвид дека актерот два пати имал сообраќајка со него, и речиси го искршил.

 

Комичарот автомобилот го пазарил во 1997 година за 640 илјади фунти, што сега е околу 880 илјади евра. Не се возел премногу во автомобилот од кој сега се прости за огромна сума. Со него минал само околу 41 ијлада милји. Ниту тоа не е чудно, со оглед на тоа што славниот актер, страсен љубител а автомобили, во својот возен парк има уште шест скапоцени миленици на четири тркала.