Искусниот чувар на мрежата Петар Мисовски е прво име во „новиот“ Металург. Тој со клубот од Автокоманда потпиша договор до крајот на сезоната.


Екипата остана без сите играчи кои се одлучија да го бојкотираат клубот поради неисплатени плати.

Покрај тоа тие го посочија тренерот Лино Червар за кривец за слабите резултати сезонава кои ги доживува Металург.

Со ангажманот на Мисовски, кој беше пред трансфер во Пелистер неодамна, се покрива голманското место, но остануваат уште играчките позиции во екипата.

На 16 ноември Металург во Лигата на Шампиони го очекува натпревар со Ла Риоха, а „фора“ македонскиот првак за регистрација на нови играчи има до 11 ноевмри.

Мх.П.