Германскиот конобар Оливер Штрумфел поставил нов Гинисов рекорд во носење пива. Штрумфел успеал да носи 27 кригли баварско пиво 40 метри, пишува ББС.

Новиот рекорд поставен е на фестивалот Гилемус во градот Абенсберг. Оливер за натпреварот се подготвувал со месеци. Криглите пиво тежеле 62 килограми.

“Не е доволно само да се носи пивото. Морате да вежбате во теретана во текот на зимските месеци“, изјавил Штрумфел.

Оливер вели дека секој има лоши денови и додава дека еднаш дури и нему на под му паднале 23 кригли пиво.