Замислете дека имате женска забава и на вратата ви доаѓаат двајца униформирани полицајци. Што друго би помислиле туку дека тие се стрипери облечени во полицајци. Токму така размислувале девојките во градот Симерн во Германија.

На вратата им се појавиле вистински полицајци, кои дошле поради прегласната музика, а тие ги пречекале со бучен аплауз и со скандирале од нив барале да се соблечат.

– Недоразбирањето било брзо решено, девојките се смириле, а полицајците од забавата си отишле облечени – рекол портпаролот на полицијата.