Британец кој по грешка е прогласен за мртов после исчезнувањето пред 8 години, и се врати на фамилијата откако синот го видел на телевизија.

Фамилијата на Џон Деланеј била уверена дека умрел, кога исчезнал во 2000 година.

Три години подоцна му одржале погреб и кремирање откако полицијата пронашла мртво тело за кое мислеле дека е од Џон.


Истрагата утврдила дека Џон (71) од Манчестер е примен во болница во состојба на конфузија, 10 дена откако е пријавено исчезнувањето.

Пациентот имал амнезија предизвикана од удар во главата, па на полицијата не можел да и каже кој е и од каде е.

Со друго, позајмено име, сместен е во старечки дом во кој поминал 8 години.

Под името Давид Харисон се појавил во емисија за исчезнати личности на ББЦ, и тогаш го препознал неговиот 42 годишен син, а идентификацијата ја потврдиле и тестовите на ДНК.