Вработените во службата за згрижување кучиња во Олдам, Англија, го примиле кучето Цент кое не реагирало на нивните наредби. Заклучиле дека кучето е глуво. Подоцна ги проверувале податоците за Цент и откриле дека за него се грижело едно семејство од Полска.


Дресерите брзо побарале наредби за кучето на полски и Цент веднаш ги разбрал. Еден вработен во службата рекол дека кучето најверојатно им се смеело кога слушало како ги изговараат наредбите на полски. Благодарение на повеќемесечниот труд на вработените цент научил и англиски.