Авион кој патувал на релација од Сан Диего до Минеаполис го промашил аеродромот на кој требал да слета за цели 240 километри. Пилотот повеќе од еден час немал никакви контакти со контролата на летање. Известена била и Американската армија, а нивните авиони биле во состојба на готовност доколку авионот бил киднапиран.


Кога конечно била воспоставена врска завртеле и сигурно слетале во Минеаполис. Во авионот имало 147 патници. Екипажот подоцна раскажал дека се зазборувале за политиката на својата авиокомпанија и заборавиле да слетаат.