Љубоморен сопруг, уверен дека жената го изневерува, за возврат дал оглас на eBay во кој ја нудел на продажба. Паул Озборн (44) во огласот напишал дека своето лажливо, старо жениште кое го мами со колегата од работа, ја дава на оној кој најмногу ќе понуди.
Огласот станал голем хит, а Шерон (43) постигнала цена од 700.000 евра.
Пред да го објави огласот, Паул ги собрал сите работи од жената и ги исфрлил на улица. Шерон тврди дека нема љубовник, дури и го молела сопругот да ја прими назад. Паул попуштил, но повторно се предомислил и повторно ја избркал од дома. Овојпат на Шерон и „пукнал филмот“ па заради огласот го пријавила во полиција за вознемирување.
– Знам дека не требаше да го објавам огласот, но бев толку лут што едноставно полудев, изјавил Паул.